Времето денеска ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролоши работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време претпладне, со услови за нестабилност со врнежи од дожд и електрични празнења во текот на попладневните часови.
Максималната дневна температура ќе достигне 28 степени целзиусови.
Од утре следува период во кој ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со постепен пораст на температурата, велат од УХМР.
Никола Ивановски