Во понеделник и вторник дезинсекција против крлежи во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 24 и 25 август (понедлник и вторник) на подрачјето на градот Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи.

Loading...

Дезинсекцијата, како што информираат од општината, ќе биде спроведена на  јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови.

– Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Целта на овој третман  е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите, стои во соопштението од Општина Куманово.

Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Никола Ивановски

Leave a Reply