Дали веќе некое време размислувате своето утринско кафе да го замените со топол напиток? Топла вода со свеж лимонов сок е одлична алтернатива која има бројни позитивни страни.
- Помага при детоксикација
Овој напиток помага при балансирање на вашата телесна ph вредност, се буди црниот дроб и се бори против штетните токсини.
- Ја активира пробавата
Овој едноставен, но силен напиток ја стимулира пробавата. Така, ја подобрува апсорпцијата на потребните работи и помага во редовна пробава.
- Помага при губење на килограми
Лимонот е одличен избор во борба против килограмите, а ако овој утрински напиток го замените со чај или кафе во кое додатно ставате шеќер, сосема е јасно дека внесувате помалку калории.
- Го смирува желудникот
Ако заминете во кревет со полн желудник, утринското будење знае да биде тешко. Токму топлата вода со лимон го смирува желудникот кој работи со полна пареа.