Научниците од Колеџ Универзитетот во Лондон успеаја да постават нов рекорд за најголема брзина на интернет-сигнал во светот.
Тоа е брзина на сигнал од 178.000 Gbps (178 Tbps). Да, добро прочитавте. Само за споредба, големите централни бази на податоци со оптички влакна што ги имаме во моментов се способни да пренесуваат податоци на 35 Tbps.
Овој подвиг го постигна тим на истражувачи предводени од д-р Лидија Галдино, а брзината, на пример, е доволна за да преземете сè од Нетфликс одеднаш, за помалку од една секунда.
Исто така, тоа е скоро четири пати побрзо од претходниот рекорд (44,2 Tbps) поставен од научници од Австралија.
Како што објаснуваат научниците, биле користени многу пошироки бранови должини од оние што се користат во постојните системи на оптички влакна, а опсегот на спектарот е неверојатни 16,8 THz.
Само за споредба, штотуку пристигна најновиот трговски опсег од 9THz.