Уште еден американски гигант во трка за купување на ТикТок

Сподели со своите пријатели

Американската технолошка компанија „Oracle Corp“ прелиминарно разговарала со сопственикот на кинескиот TikTok, ByteDance и сериозно размислува да го купи бизнисот со апликациите во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, пишува Фајненшал Тајмс.

Loading...

Oracle работела со некои американски инвеститори кои веќе имаат удел во ByteDance, вклучувајќи ги и General Atlantic и Sequoia Capital, објави FT, повикувајќи се на упатени извори.

ByteDance и TikTok немаат коментар за извештајот на FT, а Oracle одбиле да коментираат, додека  General Atlantic и Sequoia Capital не биле веднаш достапни за коментар.

Ројтерс во јули објави дека Твитер исто така изразил интерес да го купи американскиот бизнис на „Тикток“, со тоа што „Мајкрософт“ е сè уште главниот фаворит во трката, кој, според извештајот на ФТ, размислува и за преземање на целиот меѓународен бизнис на „Тикток“.

Тој е особено заинтересиран за купување на „ТикТок“ во Европа и Индија, чија влада неодамна ја забрани кинеската апликација, по тензиите на границата со Кина, објави „Фајненшал тајмс“.

ByteDance, од друга страна, се спротивставува на предлогот за продажба на имот надвор од САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, објави британскиот весник.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела му нареди на ByteDance да го продаде американското работење на „ТикТок“ во рок од 90 дена, зголемувајќи го притисокот врз кинеската компанија поради загриженоста за безбедноста на личните податоци на своите корисници.

Leave a Reply