7 јасни знаци дека имате добар сопруг

Сподели со своите пријатели

Кој е совршениот маж? Кога станува збор за физички изглед, дефиницијата за совршенство варира од личност до личност. Но, емотивно, сите сакаме приближно слични квалитети.

Loading...

Овие знаци гарантираат дека имате добар сопруг (или партнер).

  1. Се чувствувате безбедно со него

Во друштво на добар маж, жената никогаш нема да се чувствува несигурна. Без разлика дали тоа е несигурност поврзана со физички изглед, начин да се изврши некоја задача или чувства во врската – вистински маж знае како да ги смири сите сомнежи и дилеми на жената.

  1. Ја јакне вашата самодоверба

Добриот маж никогаш нема да прибегне кон манипулација – без оглед дали е физичка, емотивна или сексуална – да го добие она што го сака или да го контролира начинот на кој мисли неговата сакана. Тој не омаловажува. Напротив, неговото однесување ја зајакнува нејзината самодоверба.

 

 

  1. Ви дава ветер во грб

Добриот маж никогаш нема да ограничи жена во остварувањето на сите свои потенцијали. Тој ќе биде нејзина најголема поддршка, и доколку е потребно, рамо за плачење. Тој нема да дозволи неговата сакана да се откаже од своите соништа. Напротив, ќе биде нејзината мотивација и инспирација.

Loading...
  1. Верен ви е

Неверството не му паѓа на ум, без разлика дали станува збор за физичко или емоционално изневерување. Има само простор во неговиот живот за една жена – вие.

  1. Знае дека треба да имате време само за себе

Еден добар маж знае дека квалитетен брак е вечен компромис меѓу две лица на кои им е потребно одвоено слободно време само за свои интереси. Освен тоа, тој ве охрабрува да одвојувате време само за себе.

 

 

  1. Ви дава простор да бидете „своја личност“

Ако го прашате за совет, тој ќе ви го даде своето мислење. Но, тој никогаш нема да го наметне своето мислење или да очекува од вас да размислите како него. Тој премногу ве цени за да се однесува така.

  1. Секогаш сте му на прво место

Може да се потпрете на него во секое време во животот – тој е вашата омилена личност за соделување добри весто, но и да споделувате тешки моменти.

Leave a Reply