Кумановската полиција со кампања за безбедно учество во сообраќајот (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска во центарот на градот делеа заштитни маски и флаери со цел да им укажат на граѓаните за безбедно учество во сообраќајот.

Loading...

 

 

Како што истакна Виолета Богдановска од Отсекот за превенција при СВР Куманово, ова е продолжение на проектот „Безбедно во сообраќајот“, летна кампања со низа активности во која се опфатени сите категории на учесници во сообраќајот.

– Денеска целна група се сите граѓани, се делат и заштитни маски со мото на дел од активностите „Вози одговорно“ и флаери кои имаат безбедносни пораки и друга содржина што укажува на последици од жртви од сообраќајни незгоди и непочитување на сообраќајни правила и прописи и укажува на тоа како треба да се однесуваме безбедно во сообраќајот, изјави Богдановска.

 

Loading...

 

Како што потенцираше првиот човек на Отсекот за превенција, сите учесници во сообраќајот треба да допринесат за висока граѓанска совест во сообраќајот, а не само поединци и институции.

– Општа порака би било дека безбедноста воопшто во се, особено во сообраќајот зависи од сите нас. Не е доволно само дел да почитуваат, дел не, туку едноставно граѓанската совест кај сите треба да биде секоја година на се повисоко ниво за да имаме максимална безбедност во сообраќајот, затоа што таа зависи од сите нас, не од еден, не од полиција и институции, не од поединци, туку од сите нас, додава Богдановска.

 

 

Вечерва во 19 часот во рамките на истата кампања, во соработка со Мото клуб „Мечки“, кумановската полиција ќе одржи поука за мотоциклисти кои сториле ситни сообраќајни прекршоци, а истата ќе можат да ја проследат и останатите граѓани.

– Во рамки на истата кампања вечерва организираме сообраќајна поука во соработка со Мото клуб „Мечки“, тука се учесници во сообраќајот мотоциклисти кои не носеле заштитна опрема, ќе имаме видео презентација. Настанот ќе се одржи на отворен простор, каде не само повиканите што веќе сториле некој полесен прекршок може да ја проследат и да учествуваат сите граѓани, случајни минувачи, изјави Богдановска.

Loading...

 

 

Настанот ќе се одржи на отворен простор на платото пред Центар за култура „Трајко Прокопиев“ со цел да се запазат и безбедносните протоколи за заштита од коронавирусот.

Понатаму, како што појаснија надлежните, следуваат и други активности каде ќе бидат опфатени најмладите учесници во сообраќајот, велосипедистите и секако оние кои што се најбројни, а тоа се возачите на патнички моторни возила.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Текст/ фото: Никола Ивановски

Leave a Reply