Жителите на кумановската населба Вера Которка во сабота ќе излезат на протест при што ќе го блокираат регионалниот пат Куманово – Свети Николе кој минува низ нивното населено место во период од 22:00 до 23:00 часот.
Како што е наведено во објавата која кружи на социјалните мрежи, а потпишана од група граѓани, протестот следува по сообраќајната несреќа во која згасна животот на 16-годишно момче.
– Протестот ќе се одржи заради последниот немил настан, што се случи на 01.08.2020 година на истото место, а е еден од низата вакви немили настани во нашава населба. Протестот ќе се одржи како би им укажале на надлежните институции да превземат соодветни мерки за да се спречат вакви немили настани во иднина каде што жртва може да биде секој од нас, стои во соопштението.
Никола Ивановски