24 литри дожд изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово во текот на изминатото деноноќие наврнале вкупно 24 литри воден талог на метар квадратен, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу дожд паднал во Демир Капија, вкупно 59 литри.

Времето во текот на ноќта и изутринава е претежно облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни. Во првата половина од ноќта имаше и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХМР.

И денеска, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 л/м 2 .

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и услови за грмотевици. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply