Продолжува чистењето на Кумановка покрај кејот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Продолжува чистењето на Кумановка на потегот покрај кејот во градот, информираа надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.

Loading...

Чистењето се спроведува  во должина од петстотини метри од почетокот на крстосницата меѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и „Ѓорче Петров“ како и низводно кон локацијата „Митев мост“ во должина од 1.200 метри.

 

 

– АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ во соработка со општина Куманово продолжува со чистење на речното корито на река Кумановка. Се чисти шутот, сметот, калта, врби, гранки и се овозможува проток на водата, изјави директорот на претпријатието Оливер Илиевски.

Чистењето на Кумановка во овој дел кој се наоѓа покрај единственото шеталиште во градот се очекува да заврши нареднит период. Собраниот материјал од речното корито со камиони се изнесува и депонира на депонијата „Краста“.

 

Loading...

 

Претходно, претпријатието ја исчисти реката Којнарка во должина од 3.000 метри.

Во наредниот период, најавија надлежните ќе се чисти Кумановка се до Проевце, но и одводните канали на подрачјето на општината.

 

 

Од претпријатието апелираат граѓаните совесно да се однесуваат да не фрлаат смет, шут, ѓубре во речните корита.

Loading...

МИА

Leave a Reply