Британците треба да јадат помалку за да изгубат тежина затоа што дебелината го зголемува ризикот од умирање како резултат на последиците од коронавирусот, изјави министерот за здравство на оваа земја, Хелен Ватели.
Таа рече дека луѓето чиј индекс на телесна маса е над 40, имаат двојно поголем ризик од смрт поради коронавирус.
Самиот премиер Борис Џонсон ја искористи својата борба против прекумерната тежина да ги повика Британците да ја подобрат формата на телото и да се справат со дебелината, што претставува фактор на ризик за пациентите со коронавирус.
Откако го победи Ковид-19, Џонсон реши да ослабне и досега изгуби шест килограми.
Имено, Џонсон реагираше на предупредувањата на лекарите дека дебелите луѓе, кои се заразени со коронавирус, имаат потешка форма на болеста и се изложени на зголемен ризик од смрт.
Тој ја нарече дебелината како „временска бомба“ со која владата мора да се справи.
Премиерот призна на Твитер дека секогаш сакал да изгуби неколку килограми, но дека тој навистина не успеал, сè додека не се заразил со коронавирус.
„Кога завршив на интензивна нега затоа што бев многу болен, имав премногу килограми и да ви ја кажам вистината, бев дебел“, призна Џонсон.
Покрај здравата храна, неговиот нов режим вклучува лесен утрински џогинг.
Losing weight is hard but with some small changes we can all feel fitter and healthier.
If we all do our bit, we can reduce our health risks and protect ourselves against coronavirus – as well as taking pressure off the NHS.
Our Better Health Strategy https://t.co/WdazXhuhRN pic.twitter.com/KZhW8p17FJ
— Boris Johnson (@BorisJohnson) July 27, 2020
Повеќе од 60% од Британците се дебели
Ова уследи откако во извештајот на компанијата Public Health England (PHE) се вели дека дебелите луѓе биле ризична група кога станува збор за смртност од коронавирус.
Според податоците на PHE, кога станува збор за лица со индекс на телесна маса од 30 до 35, ризикот од умирање поради коронавирусот е 40 проценти, додека за оние чиј индекс на телесна маса е над 50, тој ризик е до 90 проценти.
Луѓето со индекс на телесна маса над 30 се квалификувани како дебели. PHE рече дека скоро 63% од возрасните во Велика Британија се дебели.