Тинејџерки открија астероид кој се движи кон Земјата

Сподели со своите пријатели

Две тинејџерки од Индија, со помош на слики од телескопот на Универзитетот на Хаваи, откриле астероид што се движи кон Земјата, објави индискиот Институт за вселенско образование.

Loading...

Астероидот моментално е близу до Марс и се очекува да помине близу до Земјата за околу еден милион години, известува „Спејс Индија“, приватен институт во кој биле обучени дванаесетгодишни деца, пренесе, пренесе Ројтерс.

„Возбудена сум што добив шанса да го именувам астероидот“, рече Ваидехи Векарија, која додаде дека еден ден сака да стане астронаут, како и нејзината пријателка Радика Лахани.

Потенцијална опасност за Земјата

Астероидот, кој научниците го именувале HLV2514, може формално да се „крсти“ само откако НАСА ќе ја потврди својата планетарна орбита, изјави портпаролката на SPACE India, додавајќи дека девојчињата користеле специјализиран софтвер за да анализираат слики направени со телескопот „Pan-STARRS“ на Хаваи, па до откритието дошле во јуни.

Астероидите и кометите претставуваат потенцијална опасност за Земјата, а научниците откриваат илјадници од нив секоја година.

Во 2013 година, астероид потежок од Ајфеловата кула експлодираше над централна Русија. Во несреќата повредени беа повеќе од 1.000 луѓе.

Leave a Reply