Стојанче Величковиќ повторно началник на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Стојанче Величковиќ од денеска повторно е началник на Секторот за внатрешни работи Куманово, откако заврши техничката влада, а министерската позиција во МВР ја презеде Агим Нухиу .

Loading...

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од денеска (27.07 понеделник), согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада.

Претходно во составот на техничката влада, техничкиот министер Наќе Чилев на раководната позиција во кумановската полиција го назначи Антон Витков, кој од денеска повторно му ја враќа на Величковиќ.

Никола Ивановски

Leave a Reply