Без струја денеска и утре делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово денеска и утре ќе останат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, днееска во период од 08:30 до 11 часот без струја ќе бидат улиците: „Тоде Думба“, „Лесковачка“, „Теофан Економов“, „Панчевачка„ и „Драган Стопаревиќ“.

Во период од 12:00 до 14:00 местата прекини ќе има на дел од улиците „Тоде Думба“, „Лесковачка“ и „Никшичка“.

Прекини во снабдувањето ќе има и утре кога во период од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат Агино село, како и улиците „Б.Б.Гуцман“, „Титова Митровичка“ „Вараждинска“.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply