Марсела Зоја (20) е канадска инфлуенсерка која фрлила столче од терасата од 45-ти кат на прометната улица во февруари минатата година.
https://www.instagram.com/p/CDAF2IWBex3/
Таа призна дека е виновна несвесно загрозување на живот. Обвинителот побара казна од шест месеци затвор, но Марсела сепак се извлече, но не целосно.
https://www.instagram.com/p/CCq8pInBJVu/
Таа сега доби две години условна казна и 150 часа оптокорисна работа во заедницата во Торонто, како и казна од 1.485 долари за нејзиниот опасен чин што стана вирален.
https://www.instagram.com/p/CCRy7-fBsqf/
Пред да привлече внимание фрлајќи го столот, Зоја имала само 4.000 следбеници на Инстаграм, а сега има повеќе од 64.000 луѓе.
https://www.instagram.com/p/CCMqbVfhlFa/
Нејзиниот адвокат Грегори Лесли им рече на новинарите дека е задоволен од исходот на судењето и таа ја прослави пресудата со забава и овој пат не фрлила ништо!