Оваа песна ги намалува анксиозноста и стресот, тврдат научниците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британскиот бенд „Marconi Union“, во соработка со невролозите, ја направи песната „Weightless“ за да го намали стресот и анксионозста, а една студија сега го потврди нејзиниот смирувачки ефект врз мозокот и психата.

Loading...

Имено, во студијата на Mindlab International, на испитаниците им биле дадени различни задачи со цел да го видат влијанието на песната во различни активности.

Резултатите се дека нивото на анскиозност се намалило во дури 65% од луѓето. Песната го намалува крвниот притисок, нивото на хормонот на стрес и ги смирува силните отчукувања на срцето.

Но, песната има и еден недостаток. На испитаниците им биле дадени различни задачи да го видат влијанието на песната во различни активности, а резултатите покажале дека е толку смирувачко што било опасно да ја слушате додека возите.

 

Leave a Reply