Кумановец ќе одговара за нанесување повреда врз полициски службеник

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец ќе одговара за нанесување повреда врз полициски службеник, откако со мопед удрил во него.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, ма 26.06.2020, додека пријавениот управувал мопед „јамаха“, на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, од страна на полициски службеници му било дадено знак да застане, но тој не ја почитувал наредбата, при што со мопедот удрил во полициски службеник и му нанел повреда.

Никола Ивановски

Leave a Reply