СЕ ВРАЌА ЛЕТОТО: Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Куманово ќе биде сончево со сосема мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целзиусови.

Loading...

Во деновите кои следуваат, како во кумановско, така и во целата држава температурите ќе бидат во постојан пораст при што највисоката ќе достигне и 35 степени.

Утре ќе имаме претежно сончево и топло време со максимална дневна температура од 30 степени целзиусови.

Во среда за два степени потопло, оддносно 32 степени целзиусови ќе биде дневниот максимум со сончево и стабилно време.

За степен повисока температура, односно 33 степени целзиусови ќе имаме и во четврток и петок со мала локална облачност.

Сабота ќе биде најтопол ден оваа недела со максимални 35 степени целзиусови, а во недела не очекуваат летни 32 степени.

Никола Ивановски

Leave a Reply