Денеска обилни врнежи и услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Под влијание на продор на атмосферски фронт, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежии засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме сопообилен пороен дожд (над 20л/м 2 ), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурата,на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали.

Утринската температура утре изутрина во земјава ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и посвежо време проследено со врнежи и грмежи, особно во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 23 степени целзиусови.

Услови за локална нестабилност со послаб интензитет ќе има и во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура, додаваат од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply