Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата „Можеме“ вечерва прогласија победа во Куманово на десетите по ред парламентарни избори во државата.
Според засега неофицијални информации кои доаѓаат од штабот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Коалицијата „Можеме“ е победник на изборите во Куманово.
Во краток телефонски разговор со претседателот на ОО СДСМ Куманово и кандидат за претник, тие прогласуваат победа во Куманово со разлика од околу 3.500 гласови и ги чекаат официјалните записници од гласањето.
Според информациите од штабот тие имаат освоено 16.347 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 12.900 гласови, од обработени 99 отсто од резултатите.
Засега нема информации од ВМРО-ДПМНЕ, а сајтот на Државната изборна комисија е под хакерски напад, па не е позната ниту конечната излезност на гласањето денеска во Куманово, ниту конечните резултати.
Никола Ивановски

