Сите избирачките места во општините Старо Нагоричане и Липково утринава се отворени точно во 7 часот.
Loading...
Претседателот на ОИК Старо Нагоричане Драган Јовановски потврди дека сите избирачки места се отворени навреме.
– Сите избирачки места се отворени на време. Мало задоцнување кај ДИК може да се јави за гласачкото место во селото М’глинце, со оглед дека поради планинскиот предел имаше проблеми со конекцијата, информираше Јовановски.
Во оваа рурална општина право на глас имаат 3.322 гласачи на 38 избирачки места.
Никола Ивановски