Пет интервенции бележат кумановските пожарникари вчера

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари вчера бележат пет интервенции и тоа претежно на запалена сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи првата интервенција била во атарот на селото Зубовце, каде горела сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 09:25 до 11:55 часот.

Сува трева горела и во село Табановце. Таму двајца пожарникари интервенирале во период од 09:40 до 10:25 часот.

Во атарот на населбата Вера Которка, м.в. Студена вода била запалена сува трева. Двајца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 10:00 до 10:50 часот.

Во селото Облавце, општина Старо Нагоричане, вработените во ТППЕ Куманово асистирале на тамошните колеги во гаснење на запалена сува трева и жито во период од 11:10 до 11:40 часот.

Жици за електрична енергија се запалиле во атарот на селото Бабин дол, каде интервенирале тројца пожарникари во период од 16:45 до 17:30 часот, информираат од РЦУК.

Никола Ивановски

Leave a Reply