Три лица од Куманово заработија кривични пријави бидејќи полицијата ги затекнала надвор од нивните домови иако имале забрана за движење на територијата на државата.
– СВР Куманово поднесени кривични пријави против Ш.А.(27), И.Р.(76) и Ф.С.(38), тројцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавените, како што појаснуваат од полицијата, од 06.07.2020 до 09.07.2020, бездозвола и без оправдана причина за итност биле затекнати надвор од своите домови и не се придржувале кон воведената мерка „забрана на движење на подрачјето на Р.С. Македонија“, со цел спречување на ширење на заразната болест ковид-19 и заштита на населението.
Никола Ивановски