Спасовски, Наумовска и Димитриевски на увид во работите на спортската сала во „Наце Буѓони“

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска во 10:30 часот ќе извршат увид во работите на спортската сала при општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово.

Loading...

Како што информираат од прес службата на Владата, по увидот ќе следуваат изјави за медиумите.

Инаку, веќе е завршен поголем дел од спортскиот објек чија што изградба ја финансира Владата преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

Салата се наоѓа во непосредна близина на средното училиште.

Никола Ивановски

Leave a Reply