Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Куманово и околината денеска денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време во текот на претпладневните часови. Попладне се очекува нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 28 степени целизусови.

Како што информираат од УХМР, до утре нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Утре ќе започне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период.

Утре во Куманово ќе имаме претежно облачно и врнежливо време, но и мал пад на дневната температура. Максимумот за вторник ќе изнесува 24 степени.

Среда носи стабилизација и делумно сончево време. Врнежите веќе ќе престанат, а максималната дневна температура ќе достигне 25 степени.

Малку поголем пораст на температурата ќе има во четврток, кога ќе биде сончево и стабилно со температура од 29 степени.

Loading...

Во петок ќе продолжи да расте дневниот максимум, и тоа ќе биде најтоплиот ден во неделата. Сончево, стабилно време и со температура од 32 степени.

Исто такво време ќе има и на почетокот на викендот.

Никола Ивановски

Leave a Reply