„Градежната офанзива продолжува и во новата норма.а Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме“, рече денеска на прес конференција Мартин Костовски, првиот човек на Општинската организација на СДСМ Куманово и кандидат за претник во изборна единица 2 од Коалицијата „Можеме“.
Според Костовски, инфраструктурата која се гради ќе овозможи да се справуваме со кризи, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации да не почнуваат наново од нула.
– Се поврзуваме. Ги поврзуваме селата со градовите со патишта. Се поврзуваме со соседите преку автопатите и отворањето гранични премини. Градиме 260 километри автопати, градиме 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци. Досега изграден и пуштен во употреба е автопатот Миладиновци – Штип, а патните правци Штип – Радовиш и Штип – Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период, изјави Костовски.
https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/970350556748957/
Според претседателот на локалниот огранок на СДСМ во Куманово, инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во подобра поврзаност, ивестиции во развојот и во нова развојна македонска економија.
– Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се порширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија. Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој. Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти. Но, го поправивме тоа, и не запираме додека не изградиме современа држава, додава Костовски.
Капиталните инфестиции, како што вели Костовски, се вложуваат во иднината.
Никола Ивановски