Кумановските угостители ослободени од комуналната такса за летни бавчи

Сподели со своите пријатели

Кумановските угостители ќе бидат ослободени од плаќање на комунална такса за вршење на дејност пред деловни простории за време на вонредна состојба, односно такси за летни бавчи кои се наоѓаат на приватно или државно земјиште, одлучи на вчерашната седница Советот на Општина Куманово.

Loading...

Како што потенцираше претседателката на Советот Атина Мургашанска, на овој начин ќе им се помогне во претстојниот период да не се плаќа оваа такса која инаку завршува во општинскиот буџет.

– На овој начин го заокружуваме сетот на мерки кои локалната самоуправа и Советот на Општина Куманово го презема за нашите стопанственици, а особено угостителите, од овие 75 деловни субјекти кои ќе го имаат бенефитот од оваа мерка, околу 90% се кафеани или кафулиња, бидјеќи најчесто тие обавуваат ваква дејност во популарно наречените летни бавчи, изјави Мургашанска.

 

 

Советот ќе продолжи со напорите да создава услови за враќање на нормалниот локален економски развој и успешна работа на сите стопански субјекти, додава Мургашанска, која ги повика угостителите да покажат совесно и одговорно извршување на заостанатите обврски од пред вонредната состојба.

– Ние како политички чинители кои ги креираат политиките и ги носиме одлуките покажуваме солидарност и обид да го вратиме стопанскиот живот во  нормала, апелираме до стопанските субјекти да покажат општествена одговорност и совесно и одговорно да ги извршуваат своите обврски, барем заостанатите кон локалната самоуправа, изјави претседателката на Советот.

Loading...

На оние угостители кои веќе ја платиле оваа комунална такса, средствата ќе им се пресметаат за периодот кога ќе се нормализира состојбата.

Инаку ова е уште една мерка која ја изгласа Советот, откако претходно одлучи да ги ослобиди стопанствениците да плаќаат такси за обавување дејност на јавна површина, а се намали и фирмарината за компаниите.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply