Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска привремено без вода ќе бидат девет локации во Куманово.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи станува збор за улиците „400“, „401“ и „426“ во населбата Иго Тричковиќ, улица „120“ во населбата Карпош, како и улиците „6ти Април“, „Др. Рибар“, „11ти Октомври“, „Јоско Илиевски“, и „Веселин Вуевски“.
Екипите на ЈП „Водовод“ денеска ќе имаат и интервенции на канализациона мрежа на улицата „Др. Рибар“.
Реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа ќе има на улица „Бајрам Шабани“.
Никола Ивановски