„Македонски шуми“: Нема сеча на шума во Длабочица, МВР ќе утврдува чија е градежната машина

Сподели со своите пријатели

По вчерашните тврдења на кумановските планинари дека „Македонски шуми“ имаат одобрено сеча на шума околу водопадот во Длабочица, денеска од институцијата упатија демант, во кој ги негираат тврдењата, а посочуваат дека Министерството за внатрешни работи ќе утврдува чија е градежната машина на терен која го има нарушено течението на речното корито.

Loading...

Демантот го пренесуваме интегрално:

Љубителите на планината (планинари) деновиве, имаат доставено информации и фотографии до некои локални медиуми тврдејќи дека ЈП„Национални шуми“ работат на терен и се уништува природното богатство.

ЈП „Национални шуми“ демантира дека има сеча на шума во близина на водопадот во Длабочица, Старо Нагоричане.

ПШС “Куманово”-Куманово информира дека во ШСЕ Козјак,според Посебниот план за стопанисување со шуми и согласно Програмата за работа за 2020 година е предвидена пребирна сеча и е извршена ознака за сеча во одделот 6а, во високостеблен буков насад кој се наоѓа во близина на водопадот Длабочица на оддалеченост од 2 км, пред водопадот.

Во тековната, 2020 година, ПШС “Куманово”-Куманово информира дека нема отпочнато со активности на терен во поглед на сеча на дрвна маса или реконструкција на веќе постоечките патишта во тој потег.

По пријава од странка на 25.06.2020 година, е извршен увид на терен од страна  на инспектор од Државен инспекторат за шумарство и ловство и  вработени од ПШС “Куманово”-Куманово , при што е констатирано  дека е работено со градежна машина само на крак кај водопадот и во водотекот.

Градежната машина со која е работено не е во сопственост на ЈПНШ, кој ја ангажирал и зошто ја ангажирал оваа градежна машина ќе утврдат надлежните институции од МВР.

Loading...

Што се однесува до обвиненијата упатени до ЈП „Национални шуми“ за некакво нееколошко однесување, се отфрлаат и остро осудуваат, зашто ЈП работи строго според принципите на одржливо стопанисување  со шумите.

Општокорисните функции како економската, социјалната и еколошката функција на шумите се од огромно значење за одржливиот развој на општеството и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја и претставуваат основа на работењето на ЈП Национални шуми.

Никола Ивановски

Leave a Reply