ЗПЗП ,,Козјак2013″ и ПД ,,Куманово” со остра реакција за уништувањето на шумата во Длабочица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановските планинари од ЗПЗП ,,Козјак 2013″ и ПД ,,Куманово“ упатија остра реакција на уништувањето на шумскиот предел околу водопадот во селото Длабочица.

Loading...

 

 

Како што велат, како љубители на природата и луѓе со високо развиена еколошка свет, остро реагираат на постојаното сечење на шумата на планината Козјак, и тоа во време кога целеиот свет се соочува со поразителни катастрофи предизвикани токму од човечката негрижа и злоупотреба на природните ресурси.

– Со години наназад сме сведоци на континуирано сечење на шумата, оголување на огромни планински пространства, правње на диви депонии на планинските падини и долови блиски до населените места, за што никој не одговара и не реагира. Водопадите во Длабочица се најубавиот природен предел во Козјачијата кој е место за воодушевување, уживање, релаксација на нас, локалните планинари, планинари од други клубови и градови и сите рекреативци кои со гордост ја покажуваа оваа скриена убавина на нашиот Козјак. За жал и големо разочарување, тој предел веќе го има изгубено својот личен опис, уништен е природниот изглед, природно поставените камења, дрвја, живописноста веќе ги нема, сè е израмнето, острането, изпустено со градежна машинерија, стои во заедничката реакција на планинарските друштва.

 

Loading...

 

Кој стои за тоа и зошто е преземена таква акција, никој од планинарите конкретно не знае.

– Само знаеме дека е време јавноста, институциите, власта да преземе мерки за овие деструктивни акции и конечно да се направи нешто паметно за човештвото и природата, стои во реакцијата.

 

 

Претходно своја реакција до нашата редакција упатија и планинари индивидуалци, а Кумановски Муабети е во исчекување на одговори од Министерството за шумарство, земјоделство и водостопанство и Агенцијата за промоција на туризмот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply