Директорот на „Чистота и зеленило“ си поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски денеска си поднесе оставка од функцијата, по две години менаџирање на комуналното претпријатие.

Loading...

Стојчевски се враќа на претходното работно место, правник во Општина Куманово и ќе биде дел од кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски.

Нов в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“ е Цветанка Ивановска, која беше на позицијата технички директор.

Инаку неофицијално, Стојчевски се очекува да биде нов Секретар на Општина Куманово, откако досегашниот Десанка Стошевска ќе замине во пензија по изборите.

Никола Ивановски

Leave a Reply