„Ниту една раса не е природно агресивна и не треба да се категоризира на тој начин“.
Сопствениците на кучиња честопати се измачуваат од неодговорени прашања, а ветеринарите конечно дадоа одговори на некои од нив.
Дали сте знаеле дека кучињата можат да почуствува вакви необични работи?
Зошто носот на кучето е секогаш влажен?
– Главната причина зошто носевите на кучињата се влажни е затоа што тие лачат секрети кои им помагаат да мирисаат – вели ветеринарот Витни Милер.
„Како и да е, тие исто така се поттаат преку носот и го чистат носот со нивните јазици“, објасни таа.
И кучињата влегуваат во пубертет и се однесуваат како адолесценти
Зошто шепите на кучињата мирисаат на чипс од пченка?
– Исто како луѓето, кучињата имаат и бактерии и габи на површината на кожата, вклучително и шепите. Овие бактерии можат да создадат мирис како оној на чипс од пченка или квасец, вели ветеринарот Роберт Патон.
Дали некои раси се поагресивни од другите?
– Ниту една раса не е природно агресивна и не треба да се категоризира на тој начин. Некои раси се помалку подготвени да ги слушаат нивните сопственици, но дури и овие кучиња можат да бидат многу љубезни и приврзани ако се во рацете на одговорен сопственик – рече Памун.
Дали кучињата ја менуваат личноста по кастрација?
Ветеринарот Џејми Ричардсон објасни дека отстранувањето на репродуктивните органи на кучето на соодветна возраст не влијае на личноста на кучето.
Зошто кучињата цврсто се врзуваат со својот сопственик?
– Не постои научна литература што би сугерирала дека кастрацијата ги прави кучињата помалку енергични или мрзливи – рече Ричардсон.
Дали е добро да го храни кучето само сува храна?
Ричардсон рече дека сувата храна може да биде здрава како и конзервираната храна.
– Сосема е во ред да се хранат со сува храна, под услов да е со висок квалитет и да ја задоволува возраста, начинот на живот и сите индивидуални здравствени потреби – рече тој.
Кои кучиња повеќе лаат – мали или големи?
Ветеринарот Гери Рихтер рече дека иако секое куче е различно, многу помали типови кучиња всушност се одгледуваат да бидат гласни.
ДОКАЖАНО: Кучињата нѐ разбираат
– Некои раси, како што се минијатурни пинчеви, се одгледуваат за чување. Други кучиња, како што се бигл, се родени да ловат и да го предупредат нивниот сопственик за плен, објасни тој.
Дали машките кучиња се повеќе пријателски расположени од женките?
– Полот нема никаква врска со тоа колку е пријателски настроено кучето. Сето тоа зависи од воспитувањето и социјализацијата – кратко објасни ветеринарот Роберт Котон.
Дали кучињата имаат доминантна шепа?
Кучињата всушност можат да имаат доминантна шепа.
Зошто кучињата никогаш не смеат да јадат чоколадо?
„Користени се неколку тестови за да се процени тоа“.Целта на овие тестови беше да се набљудува однесувањето на кучето во одреден временски период и да се утврди колку често тој ја користи левата или десната шепа за време на некои активности – објасни Милер.
Може ли кучињата да јадат сирово месо?
Некои сопственици избираат да го хранат кучето со сирово месо, но неподготвено говедско месо или свинско месо не се препорачува, вели Ричардсон.
– И покрај зголемената популарност на таканаречените волчји диети, нема докази дека хранењето на кучињата со сирово месо има корисен ефект врз здравјето. Напротив, може да има дисбаланс на храна, хипертироидизам предизвикан од лошата исхрана и бактериски инфекции – рече тој.
Зошто кучињата прават одредени работи кои нам не ни се јасни?
Може ли некој алергичен на кучиња воопшто да се прилагоди на животот со кучињата?
Оние кои се алергични на кучињата веројатно ја слушнале теоријата дека е можно со тек на време да се прилагодат на животот со кучињата. За жал, не постои консензус меѓу експертите дали тоа е точно или не.
– Една теорија вели дека е можно да се навикнете на алергени на кучиња веднаш штом ќе го намалите степенот на чувствителност на имунолошкиот систем, но тешко е да се знае со сигурност како се намалува тој степен – рече Рихтер.