Твитер тестира нова гласовна услуга

Сподели со своите пријатели

Твитер објави дека тестира нова услуга што ќе им овозможи на корисниците да твитаат со глас за да може еден аудиотвит да трае и до 140 секунди, пренесува Ројтерс.

Loading...

Услугата ќе биде достапна за ограничен број корисници на iOS платформата на Apple засега, а во наредните недели ќе биде проширена на повеќе корисници на iOS, објави американската компанија.

Корисниците на Твитер ќе можат да создадат гласовен твит со кликнување на иконата „бранова должина“ на екранот, објави технолошката компанија.

Во Твитер, веруваат дека гласовните твитови ќе ја намалат можноста за недоразбирање на пораките и „ќе овозможат поголемо човечко искуство“.

„Многу работи во текстуалните пораки можат да останат нејасни или погрешно разбрани, така што се надеваме дека гласовното твитање ќе создаде повеќе човечко искуство“, велат од компанијата.

Leave a Reply