На левата страна од облеката се наоѓа името на брендот, но зошто токму таму?

Сподели со своите пријатели

Логото на моден бренд е нешто што ја прави облеката што ја носите препознатлива, а за жал во денешното модерно време, таа стана и статусен симбол.

Loading...

Како и да е, интересно е што логото на брендот е секогаш на левата страна на облеката, а исклучок се оние големи обележја низ целото парче облека.

Како што објаснуваат експертите за маркетинг, логото на марката е највпечатливо токму на тоа место.

Студиите покажуваат дека кога се ракуваме со некого, прво ја разгледуваме нивната лева страна, затоа што десната рака ни го покрива десниот дел од градите.

Детали кои ќе ви помогнат да препознаете дали купувате вистински или фејк бренд преку интернет?

За време на не толку далечното минато, додека се уште не постоеле ознаките на брендовите, имало воени ордени, беџови и брошеви кои исто така се носеле од левата страна. Тогаш тоа било поврзано со страната на која се наоѓа срцето.

Кога ќе ги погледнете скоро сите портали, нивните имиња и лого се секогаш во горниот лев агол, а главната причина е што луѓето во западниот свет читаат и пишуваат одлево надесно.

Според студијата на групата „Нелсен Норман“, заклучено е дека корисниците повеќе ги паметат брендовите кога логоата се поставени од лево, отколку од десно.

Loading...

Leave a Reply