Овој викенд Мајк Кимел од Флорида фати змија во мочуриштето Евергледес, каква ретко се гледа дури и на тоа подрачје – бурмански питон подолг од пет метри и тежок помеѓу 60 и 70 килограми.
Тој е сопственик на „Trapped & Wildlife Rescue“ во округот Мартин и ова не е прв пат да отиде во мочуриштето да лови питони. Но, тој не се надевал на толку голем улов.
СКРИЕНА КАМЕРА: Како би реагирале некој да фрли џиновски питон кон вас? (ВИДЕО)
Тој го фатил питонот на оддалечен остров, и штом го забележал, знаел дека станува збор за посебен примерок.
– Ми се забрза срцето. Сум фаќал големи змии и претходно, но оваа навистина изгледаше голема“, рече Кимел.
Тој призна дека се плашел од змијата, но не се повлекол, туку се борел со неа, претрпел едно каснување, но на крајот на краиштата успеал да ја фати за глава и успешно ја вовлече во чамецот.
Потоа ја еутанизирал. Досега, најголемиот питон што бил фатен во Флорида бил долг околу 5 метри и 60 сантиметри, според официјалните податоци на Комисијата за заштита на риба и животински свет.
Човек спаси срна од смртоносна „прегратка“ на питон (ВИДЕО)
Питоните се инвазивен вид во оваа мочуриште и започнале да се појавува таму во 80-тите години на минатиот век, најверојатно затоа што биле фрлени од нивните сопственици кои ги чувале како миленичиња, па се премислиле. За некои се верува дека избегале од голема фарма уништена од ураганот Ендру во 1992 година.
Во секој случај, питоните просперирале во мочуриштето и денес повеќе од 100.000 од нив живеат во овој регион. Притоа, тие се хранат со автохтони видови од мочуриштето, како што се ракуни, разни птици, па дури и алигатори.
Кимел планира да ја продаде кожата на змијата и очекува одредена „донација“ од Акцискиот тим за питони на Флорида, кој им плаќа на луѓето да ги отстранат инвазивните видови.
На Флорида прават заштитини маски од кожа на питони (ВИДЕО)
– Горд сум што го средив питонот и веднаш знаев дека ќе добијам голема сума за тоа. И, конечно, го отстранив опасниот предатор од екосистемот – заклучи Кимел.