Кумановец ќе одговара за напад врз вработен во ЈП „Куманово паркинг“

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен кумановец ќе одговара за спречување службено лице во вршење службено дејствие, откако во февруари со возило удрил вработени во ЈП „Куманово Паркинг“.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, на 14.02.2020 на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, пријавениот се заканувал и спречил двајца вработени во ЈП Паркинг Куманово и полициски службеник да го подигнат неговото возило со специјално возило „пајак“, кое било непрописно паркирано.

Исто така, тој со возилото удрил еден од вработените во ЈП Паркинг Куманово, велат од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply