Според локалните медиуми, нивниот син починал од глад, а неговата сестра е на интензивна нега.
Руската двојка е обвинета за убиство откако заминале на четиридневен одмор за време на карантинот да пијат алкохол, оставајќи ги своите близнаци кои биле на возраст од 16 недели, сами и без храна.
Нивниот син бил во кома и починал во болница, додека нивната ќерка сега се бори за нејзиниот живот во болница во рускиот регион Камчатка. Близнаците биле пронајдени од бабата во „сериозно исцрпена состојба“.
Мајката Маргарита Јанајева (23) ги лажела своите пријатели дека нејзините бебиња биле во болницата затоа што биле заразени со коронавирусот, тврдат извештаите.
Таа и нејзиниот партнер Алексеј (35) ги оставиле сами и ги заклучиле во куќата додека тие оделе на забава четири дена, соопшти полицијата.
– За време на четири дена, тие не ги хранеле децата и не организирале алтернативна грижа за нив – рекол извор од истрагата.
Младите созреваат се подоцна: Остануваат тинејџери и на 24 години
Наместо тоа, „ги изложиле на глад, не им ја обезбедиле потребната хигиена, оставајќи ги малолетните лица во социјално опасна состојба“.
Децата на крајот биле пронајдени од бабата која станала загрижена затоа што парот не можела да го добие по телефон, и покрај тоа што нивниот регион бил блокиран заради коронавирусот. Таа веднаш повикала полиција.
Двојката е во притвор и би можела да добие казна до 20 години затвор ако биде осудена за убиство на беспомошното момче.
Тие исто така се соочуваат со обвиненија за неисполнување на родителската одговорност и за изложување на нивните деца во опасност.
Со вакво однесување родителите ги „убиваат“ амбициите и самостојноста на децата