16 нови случаи во Липково, три во Куманово

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово изминатото деноноќие регистрира 19 нови случаи на коронавирус, од кои 16 на подрачјето на општина Липково, а три во Куманово.

Loading...

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.085 тестирања.

Најголем број од новите случаи се од Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Тетово-16 случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Струга-седум, Велес-три, Битола-еден, Гостивар-шест, Неготино-два случаи и по еден нов случај во Кочани, Делчево и Прилеп.

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.085 тестирања.

Најголем број од новите случаи се од Скопје-46, Kуманово-19 (16 во Липково, три во Куманово), Штип-17, Тетово-16 случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Струга-седум, Велес-три, Битола-еден, Гостивар-шест, Неготино-два случаи и по еден нов случај во Кочани, Делчево и Прилеп.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67години) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира осум оздравени пациенти, во Прилеп-два, Тетово-еден, Велес-четири и Свети Николе-еден.

Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

Loading...

Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1201, активни 595

• Куманово 545, активни 129

• Дебар 52, активни 1

• Штип 161, активни 123

• Прилеп 218, активни 29

• Тетово 273, активни 115

• Струга 98, активни 26

Loading...

• Велес 141, активни 27

• Битола 30, активни 4

• Охрид 30, активни 13

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 47, активни 26

• Гевгелија 6, активни 2

• Струмица 5, активни 2

• Крива Паланка 6, активни 0

Loading...

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 43, активни 12

• Пробиштип 5, активни 3

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 2, активни 0

Loading...

• Пехчево 3, активни 0

• Берово 2, активни 1

• Валандово 3, активни 2

• Виница 3, активни 1

• Делчево 2, активни 1

Loading...

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 3, активни 2

• Кичево 3, активни 1

• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55.

Loading...

Досега во земјата се направени вкупно 35.471 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply