Засега не се планира да се изолираат контактите помеѓу општините Липково и Куманово, поради растот на бројот на заразени во липковскиот крај, рече министерот за здравство Венко Филипче, во одговор на прашањето кое го упати Кумановски Муабети.
– Засега не со оглед дека добро се справуваат епидемиолозите, помогнати од епидемиолзотие од Крива Паланка и Кратово. Добро оди тестирањето, сметам дека со овој пристап, нема потреба од дополнителна изолација, одговори Филипче.
Но, рестрикции воопшти не се планираат ниту за останатиот дел од државата од понеделник, смета Филипче.
Сепак, во недела ќе заседава Комисијата за заразни болести и ќе направи анализа за изминатите неколку денови, која треба да покаже какви ќе бидат следните чекори на властите во борба против ширењето на вирусот.
– Од понеделник веројатно нема да има никаква рестрикција и ќе биде како што беше до четвртокот, но ќе имаме увид, сите позитивни ќе бидат веќе ставени во изоалција, ќе ја пратиме и нивната здравствена сосотјба иако сериозен дел од првите дијагностицирани по семејните настани не развија симптоми, рече министерот.
Никола Ивановски