На социјалните мрежи кружи видео, на кое се гледа кокошка како ги брани своите пилиња од кралска кобра.
Видеото, кое се појави на Јутуб минатиот месец, досега го гледале повеќе од 5,5 милиони луѓе и предизвикала поделени реакции, особено гневот на љубителите на животните.
Човек спаси срна од смртоносна „прегратка“ на питон (ВИДЕО)
Додека многумина беа полни со пофалби за кокошката што ги спасила своите пилиња, дури и последното во аголот, од опасноста, други го осудија оној што ги става животните во таква ситуација.
„Лицето кое го стори тоа има психолошки проблеми“, „оној што го сторил ова е поопасен од пандемијата на коронавирусот“, „всушност, има две змии. Другата е зад камерата“, се само некои од реакциите под снимката.
Погледнете како тоа изгледаше: