Најсилниот човек на светот Сајед Мухамад Ахмад живее во Египет со своите четири жени, го нарекуваат Хулк, а се женел 25 пати и татко е на вкупно 35 деца.
Најстарото дете има 24 години, а најмладиот син три години. Медицинските тестови докажале дека неговата сила изнесува 260 коњски сили, а тој самиот вели дека силата му е дар од Бога.
Дали е ова најсилниот човек во светот? (видео)
– Се обидувам да ја прикријам, не сакам да се докажувам и покажувам. Не сакам луѓето да се плашат од мене или да се чувствуваат грдо, затоа што сум јас силен, а тие не се – вели Ахмад, додавајќи дека е верник и доста скромен човек.
Не му е дозволено да работи поради огромната сила која ја поседува. Причината која е наведена во медицинскиот извештај е дека не се сомневаат дека е добар човек, туку доколку на работното место би дошло до провокација со некој колега, тој би можел ненамерно да го повреди, затоа има барање кое му забранува да работи.
Сајед вели дека тоа е причината што има четири жени, затоа што ако би имал една не би можел да функционира. Силата ја наследил наводно од неговиот татко кој исто така имал неверојатна сила.
Тој е најсилниот човек во светот: Дневно внесува по 12.000 калории (видео)
– Мојата сила е еднаква на 260 коњски сили, додека силата на мојот татко е 840 коњски сили – додава Ахмад.
Сајед Мухамад Ахмад никогаш не спие, вели дека не спиел од како се родил Интересно е што овој надарен човек при ракување со некој не ја притиска раката, за да не го повреди ненамерно. Неговата омилена храна е сирово јагнешко и големи количини масло, а со оваа храна обичен човек не би преживеал.