11 од новозараените се од Липково, еден е од Куманово

Сподели со своите пријатели

Директорот на центарот за јавно здравје Куманово Ариф Љатифи, денеска соопшти дека од 12 -те новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот, единасет лица се од општина Липково. Овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери, соопшти директорот на јавната здравствена установа.

Едното лице кое е заразено е од Куманово и е утврдено во рамки на скринингот што се врши по фудбалски клубови.

Тој информира и дека починатите од коронавирус на 73 и 66 години се жители на Липково од селата Слупчане и Никуштак.

МИА

Leave a Reply