Во сексуалните фантазии, сè е идеално – сè додека во реалноста не тргне наопаку.
Двајца мажи со мачети влегле во погрешна куќа во Нов Јужен Велс, Австралија и наскоро сфатиле дека погрешиле.
Тие биле ангажирани да ја исполнат фантазијата на клиент кој сакал да го врзуваат додека бил во долна облека и да го удираат со метла.
Еден од нив бил ослободен од обвинението дека влегол во куќата вооружен во јули 2019 година, јавуваат австралиските медиуми.
Судијата заклучил дека „фактите околу овој случај се невообичаени“.
Сè било организирано преку Фејсбук и клиентот им ја испрати адресата каде треба да дојдат.
„Тој бил подготвен да плати 5.000 австралиски долари ако биде баш добро“, рече судијата.
Сепак, клиентот се преселил во куќа оддалечена 50 километри од тоа место, но за тоа не ги известил двајцата. Така тиа отишле на првобитната адреса.
Кога домаќинот на куќата утрото видел светлина во кујната во 6.15 часот, тој помислил дека неговиот пријател дошол на утринско кафе.
Сепак, тој ги слушнал како изговараат друго име – на нивниот клиент. Домаќинот го вклучил светлото и видел дека две лица со мачети стојат над неговиот кревет.
Штом сфатиле дека станува збор за грешка, еден од нив рекол: „Извини пријателе“ и се ракувал со човекот, пишуваат медиумите.
Двајцата потоа заминале на вистинската адреса каде клиентот ги чекал со „одличен, голем нож“ во пантолоните.
Тој испржил сланина, јајца и тестенини, а потоа полицијата пристигнала на имотот и уапсила две лица.
Сепак, судијата открил дека нема докази дека тие го сториле тоа намерно.
„Тие понеле мачети како дел од реквизитите. Фантазијата не беше запишана, туку секој детал бил договорен во дискреција“, рекол тој.
Адвокатот на обвинетиот Теренс Лирој рекол дека станува збор за комерцијален договор.
„Тие се согласиле да го врзат и да го удираат со метла“. Тие немале намера да исплашат никого“, рече тој.