Времето во Куманово денеска ќе биде сончево до умерено облачно претпладне.
Ќе дува слаб ветер од југозапад, а во попладневните часови се очекува краткотраен пороен дожд проследен со грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 28 степени.
Слично време ќе имаме и утре, кога може да очекуваме локализиран дожд или невреме со грмотевици. Максималната дневна температура во вторник ќе се искачи до 28 степени, а минималната ќе биде околу 17от степен.
Среда носи слично време. Услови за краткотраен пороен дожд во попладневните часови проследен со грмотевици, а дневен максимум од 28 степени.
Четврток носи пад на температурите. Дневниот максимум ќе опадне драстично од 28 во среда, на 15 степени следниот ден, а исто така се очекуваат врнежи во попалдневните часови.
Петок носи извесна стабилизација и повторно раст на температурите. Максимумот за последниот ден од работната седмица ќе изнесува 20 степени.
Викендот носи исто така стабилно време, сончево до умерено облачно и во сабота и во недела, со дневен максимум од 22 степени цезлисови.
Никола Ивановски / извор: accuweather