Кумановец ќе одговара за загрозување на сигурноста

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишен кумановец ќе одговара за загрозување на сигурноста, по вербална расправија која ја имал во семејниот дом.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Н.(55) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Настанот се случил на 27.04.2020 во семејната куќа на пријавениот на ул.„425“ во Куманово, по претходна вербална расправија со неговата ќерка, во која се вклучила и нејзината мајка Б.Н.(48) од Куманово, пријавениот упатил закани по животот на Б.Н..

Никола Ивановски

Leave a Reply