Еден бик, по име Рон, кој живее во Шкотска, решил да го исчешка задникот од електричен столб и предизвика хаос во две села, при што остави 700 домови без електрична енергија.
Дека Рон е виновен за сè, беше откриено само кога неговиот сопственик се извини преку Фејсбук.
„Го чешал газот, па се чешал на електричниот столб и ја скршил електричната кутија“, напиша Хазел Лутен, додавајќи дека за среќа го избегнал електричниот удар и дека добил само една џумка на главата.
Таа исто така изјави за „Би-Би-Си“ дека нејзиниот сопруг забележал дека разводната кутија била скршена додека ги хранел кравите.
„Поврзавме два и два и сфативме дека бикот се чешал од столбот и ја скршил кутијата, а жиците паднале на полето“, објасни Хазел.