Без нови случаи изминатото деноноќие во Куманово, активни само 61 случај

Сподели со своите пријатели

Во Куманово во текот на изминатото деноноќие нема регистрирано нови случаи на заболени од Ковид-19.

Loading...

Како што информираат од Министерството за здравство деветмина кумановци се оздравени, со што од досега регистрираните 404 случаи, активни се само 61.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:

•       Скопје – 531, активни 130

       Куманово – 404, активни 61

Loading...

       Дебар – 51, активни 0

       Штип-35, активни 2

       Прилеп –169, активни 62

       Тетово – 96, активни 42

       Струга – 67, активни 16

       Велес – 101, активни 46

       Битола –22, активни 3

       Охрид –15, активни 9

Loading...

       Кавадарци – 5, активни 1

       Гостивар –17, активни 3

       Гевгелија – 4, активни 0

       Струмица – 2, активни 0

       Крива Паланка- 6, активни 2

       Радовиш – 4, активни 0

       Крушево – 3, активни 0

       Кочани – 31, активни 5

Loading...

       Пробиштип – 2, активни 0

       Кичево – 2, активни 1

       Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

       Демир Хисар – 1, активни 0

       Македонски Брод – 2, активни 1

       Пехчево- 2, активни 2

Loading...

       Делчево-1, активни 1

       Валандово -1, активни 1

       Виница – 2, активни 1

       Кратово-1, активни 1

Направените 242 теста се преку: ИЈЗ –107, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода  -22 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.

Loading...

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply