Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ од денеска повторно ќе наплаќа за паркинг услугите, откако вчера Советот на Општина Куманово на својата 4та вонредна седница ја укина мерката со која беше стопиран овој процес.
Loading...
Паркинг услугите сега ќе се наплаќаат во период од 9 до 18 часот, а со намалување на полицискиот час, јавното претпријатие ќе го зголемува своето работно време.
Враќањето на животот во нормала по кризата со епидемијата на коронавирусот донесе за ваквата одлука, со оглед дека се создава метеж во градот кој мора да се регулира, соопштија надлежните.
Никола Ивановски