Преку ноќта времето во државата беше ведро, а утрово сончево со слаб ветер од северозападен правец.
Во текот на денот ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.
За време на викендот исто така ќе имаме топло и сончево време со мала облачност.
Во текот на утрешниот ден ќе имаме делумнго сончево време со максимална дневна температура од 25 степени, додека во недела температурата ќе биде за еден степен пониска.
Веќе во текот на следната работна недела доаѓаат и доста повисоки температури од кои максималните околу 30 степени.
Никола Ивановски