30 дена притвор за дилер на марихуана од Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец заработи триесетдневен притвор, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла марихуана запакувана и подготвена за улична продажба.

Loading...

– СВР Куманово на 07.05.2020 поднесе кривична пријава против Р.С.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 06.05.2020 во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама марихуана, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба.

Од страна на истражен судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Никола Ивановски

Leave a Reply